„Да живее Европа на патриотите“, извика Џорџа Мелони

by Fokus

Идната италијанска премиерка Џорџа Мелони ја бранеше „Европа на патриотите“, користејќи ја полската влада како пример, за време на митингот на екстремно десничарската партија Вокс во Мадрид.

Во видеото објавено на тој состанок, лидерката на партијата Браќа на Италија изјави дека се залага за „похрабра Европа која ќе одговори на големите меѓународни кризи и поскромна кога станува збор за справување со аспекти на секојдневието што може многу подобро да се реши на државно ниво, без зголемување на бирократијата“.

„Да живее Европа на патриотите“, извика Џорџа Мелони, која стапи во преговори со коалициските партнери, Лигата на Матео Салвини и конзервативната партија Форца Италија на Силвио Берлускони за формирање влада до крајот на октомври.

„За неколку дена, ние во Италија ќе бидеме поканети да ги претвориме овие идеи во конкретни владини политики, како што веќе прават нашите пријатели во Полска“. Во Шпанија, во Италија и веројатно во цела Европа, мнозинството граѓани повеќе не се препознаваат себеси во левичарските утопии и идеологија и бараат од нас одговорно да ја преземеме власта“, рече таа.

Поврзани новости