(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Љупчо НИКОЛОВСКИ обезбедувач на храна
Го смирив колегата Маричиќ па и на вас ќе ви кажам: храна ќе имаме,
брашно, зејтин, шеќер, сол, од сите страни без запирање ги примаме!
А тек па вино, уф, тоа има да извезуваме, Отворен Балкан ни е целиот,
така што може да фали струја, но храна ќе имаме дури и за Дебелиот!

 

Славјанка ПЕТРОВСКА бранителка на небото
„Ако немате леб, јадете колачи“ велеше кралицата Марија Антоанета,
па по тој француски совет купуваме опрема за рушење на сѐ што лета!
Баш од Франција набавуваме за 66 милиони евра земја-воздух ракети,
ако немате за струја имајте за оружје, велат новите Марии Антоанети!

 

Бојан МАРИЧИЌ гладен и главен преговарач
Веќе на глава ми се качивте со тезите дека кркам на државна сметка,
а никој не се јави да честита што Премиерот ми даде функција ретка,
со ЕУ преговарач главен, за успеси сум гладен уште неседнат на маса,
но и сит сум од блокади, ВМРО нарачав за уставни промени да гласа!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Марко Бислимовски и Сања Лукаревска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

Поврзани новости