(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Вилма РУСКОВСКА кралица во пат позиција
За да сфатите што се случува, замислете дека играме шах јас и Муареми,
дамин гамбит беше претресот кај него, ама тој возврати и сега сме реми!
Ме суспендираа, но и тој мораше да се повлече, ама само е пион Арафат,
играта тече, и јас, кралицата, не се давам, ќе има рокади до конечен мат!

 

Бојан МАРИЧИЌ донесувач на закон
Не знам во тоа културен центар со име „Цар Борис“ што е толку страшно,
кога дури и експертите од Комисијата за историјата си легнаа на брашно!
Но, ако сакате, ќе донесеме и закон со забранетите називи на црни листи,
ама и вие да попуштите ќе мора, па ај кажете: Бугарите не биле фашисти!

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ неизвлекувач на поука
Јас сум оној што прима дипломати со агремани, па морам да кажам став
дека затворањето на рускиот конзулат во Битола е вистински потег прав!
Значи во Битола не треба да делуваат Руси, иако Бугарите се чини можат,
ако не извлечеме поука од сево ова, бугарските центри ќе ни се множат!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости