Русија реагира за затворањето на конзулатот во Битола: Слепа лојалност кон Западот!

by Фокус

Руските власти денеска реагираа на одлуката на Северна Македонија за престанок на важењето на согласноста за именување почесен конзул на Руската Феферација со седиште во Битола, што всушност претставува затворање на конзулатот.

Од руското МНР велат дека со овој чин земјава повторно направила политички и непријтелски гест што ќе придонесе за продлабочување на и онака влошените македонско-руски релации.

Според Москва, тоа е резултат на демонстрација на слепа лојалност на Северна Македонија кон западните сојузници, нивната политика на санкции и брутален притисок врз Русија.

Инаку, одлуката за повлекување на согласноста од страна на македонската влада е донесена на 17 мај годинава, а објавена е во Службен весник на 1 јуни 2022 г.

Според заменик-портпаролот на руското Министерството за надворешни работи, Иван Нечајев, властите на Северна Македонија не ги навеле причините за тој чекор, пренесува агенцијата „Тасс“.

Поврзани новости