1.1K
Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект, поточно пожар кај трафостаницата во Пинтија. Тоа се барем првичните сознанија.
Повеќе противпожарни екипи се на терен.
Од МЕПСО детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.
Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.
Струја немаше во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Ѓорче Петров.