Поголем дел од Скопје остана без струја

by Fokus

Поголем дел од Скопје пред малку остана без струја. Населбите Аеродром, Ново Лисиче, Водно, Кисела Вода, Центар, Катланово, Козле, Тафталиџе и се само дел од местата кои останаа без електрична енергија.

Непознато е каде е дефектот и што е причината за истиот.

Низ улиците на градот не работат семафорите, што предизвика отежнување на сообраќајот.

Според неофицијални информации се работи за голем дефект, а неколку пати досега се случи струјата да се врати и за неколку секунди повторно да ја снема.

Без струја е и општина Илинден. Жители од оваа општина велат дека забележале силно осветлување кое доаѓало од индустриската зона и звук на зуење, по што снемало струја.

 

Поврзани новости