Дедото на Новак открива: Дијана ме обвини за разводот, жал ми е што така испадна!

by fokus 12:46
12:46

Зденко Жагар, дедо на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, татко на неговата мајка Дијана, за јавноста ја раскажа нивната семејна историја.

Жагар, кој има 84 години и живее сам во стан во Чукарица, признава дека не бил доволно присутен во животот на Новак, но и во животот на ќерките Дијана и Санда.

- Advertisements -

По националност Хрват, роден во Винковци, како офицер дошол во Белград каде ја запознал нивната мајка, и се венчале. По некое време започнал да живее во Приштина, го посетувал семејството за викенди, и на крај се развел од сопругата, односно од бабата на Новак.

Се венчал со друга жена, која починала во 2017 година, и од тогаш живеел сам.

Околу тоа колку тешко му паднале односите со децата, односно со ќерката Дијана, која го обвинувала за разводот од нејзината мајка, раскажал пред новинарската екипа на Нова.рс, не криејќи дека е осамен и секое друштво му годи.

-Жал ми е. Жал ми е што се испадна така… Сешто се случи во нашите семејни односи. Не учествував во растењето на Новак, тој беше многу близок со другиот дедо, таткото на неговиот татко. Кога се разведов од бабата на Новак, се дистанцирав од децата. Ги контактирав, но не беше тоа – тоа. Дијана ме обвинуваше за разводот, и тоа не може да ми го прости.

Јас сметам дека за развод се потребни двајца. Колку што е мажот виновен, толку е и жената виновна. Но, мојата ќерка, мајката на Новак, тоа не го разбира и тотално се оддалечи од мене. Исто така, и работата ме одвои од куќата. Сето тоа дебело ме чинеше. Но, сакам да биде јасно дека децата ги добив, затоа што тоа го сакав. Сега, се е како што треба. Се почитуваме, го почитувам и мојот зет Срѓан, таткото на Ноле, кој е најзаслужен за неговиот успех – открива Зденко.

Додава дека не го обвинува Срѓан поради тоа што Дијана не комуницирала со него. Вели дека тој ја видел перспективата кај Новак, и го поддржувал и туркал да успее во светот на тенисот.

-Знам дека многу се мачеа, немаа доволно финансии. Дијана работеше на Копаоник во ресторан. Не контактиравме тогаш, но верував дека ќе успеат да ги надминат проблемите. Во тој период, се случи да ми го донесат Новак кај мене, живеев со втората сопруга, имале некои обврски и го оставија да преноќи кај нас. Тогаш Ноле ме прифати како да ме знае цели сто години. Беше културно дете, и жал ми е што не поминав повеќе време со него додека тој растеше.

Сега нештата се поинакви, почесто сме во контакт со Новак. Му пишувам пораки, ја запознав и Јелена, им бев на свадба. Имам цел албум со слики од свадбата. Во телефонот имам и снимки од нивните деца, многу се слатки, убаво се поздравуваат со својот прадедо – вели дедото на Новак.

Го искоментира и изгледот на Ноле, со забелешка дека според него тој е преслаб и не му се допаѓа тоа што живеел на моркови и цвекло.

-Тоа што тој го има, тоа не е тежина, туку висина. Не ми се допаѓаат тие диети, во исхраната мора да има белковини, протеини… Преслаб е за мој вкус. Не ми се допаѓа ни тоа што прават некои помади и кремови од мајчино млеко, јас не сум човек кој поддржува такви новитети. Неговата сопруга Јелена има свои идеи, што и како треба, и нема што јас да се согласувам или да не се согласувам со неа. Имаме културен однос – раскажа Жагар.

ФОТО: Нова.рс

Вики Клинчарова

Поврзани новости