Дедото на малата Тамара е напаѓачот на Тодоров

by Fokus

Дедото на малата Тамара е човекот, кој го нападна екс министерот за здравство Никола Тодоров пред министерството за здравство во моментот кога требаше да се изврши примопредавање на министерската функција, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, велешанецот се приближил до Тодоров позади грб и репетирал со пиштолот, но брзиот инстинкт на екс министерот го спасил. Напаѓачот веднаш е фатен од страна на полицијата.

Деветгодишната Тамара, кој имаше искривување на рбетот почина пред две години, откако чекаше да добие одобрение за лекување во странство, што го вети тогашниот министер за здравство Тодоров.

 

Поврзани новости