Дебатите во Скопје се „за“ или „против“ ЕУ, велат од Софија

by Фокус

Софија ги регистрира критиките во македонската јавност на бугарска адреса, но засега нема да реагира за говор на омраза, пренесува Алсат М.

Експертот од бугарското МНР, Жељазко Радуков, оцени дека по објавувањето на Протоколот меѓу двете земји и препораките на историчарите, во јавната дебата во Македонија се користат многу аргументи и псевдо-аргументи.

Според него, дебатата се одвива меѓу две сили кои се позиционираат во општеството – оние кои се за членство во Унијата и сакаат добрососедски односи и оние кои се против ЕУ и европските вредности.

-Коментарите кои беа упатени по објавувањето на Протоколот и препораките на Историската комисија се од лица кои не се во раководството на Република Северна Македонија и се насочени во внатрешно-политички контекст. Ние внимателно го следиме ова прашање и ќе решиме дали и кога ќе реагираме, но не и во оваа етапа – рече Радуков.

Тој истакна дека со Протоколот потпишан минатиот месец меѓу Бујар Османи и Теодора Генчовска започнал процес на враќање на довербата. Радуков очекува овој процес да биде бавен, но вели дека првите чекори се охрабрувачки и двете земји засега ги исполнуваат преземените обврски.

Поврзани новости