Нема напредок во дијалогот меѓу Курти и Вучиќ во Брисел

by Фокус

Во Брисел нема напредок по ниту едно прашање, бидејќи приштинскиот премиер Албин Курти одбива каков било компромис, пишува српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на свои извори од Брисел.

Како што наведува весникот, во текот на вечерта или утре во текот на денот се очекува најважното обраќање на Вучиќ до нацијата.

Претходно денеска, претседателот на Србија од Брисел закажа средба со Србите од Косово, која ќе се одржи во недела во 11 часот во палатата „Србија“.

На средбата беа поканети сите политички и институционални претставници на Србите во Косово, лидерите на Српската листа, сите српски градоначалници, началници на окрузи, директори на болници.

Вучиќ и Курти со претставници од ЕУ разговараа речиси два часа. Според пишувањата на српските медиуми, двајцата лидери биле послужени со газирани пијалаци и со хамбургери на преговарачката маса.

Поврзани новости