Дебата во Франција: Дали невакцинираните да имаат бесплатно лекување?

by fokus

Шефот на болничкиот систем во Париз предизвика жестока дебата за тоа дали луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 треба да продолжат да добиваат бесплатно болничко лекување, јавија француските медиуми.

Францускиот здравствен систем го покрива лекувањето на сите пациенти примени на одделенијата за интензивна нега, при што трошоците за еден ден престој во такво одделение се проценуваат на 3.000 евра, а третманот обично трае од една недела до десет дена.

„Со оглед на достапноста на бесплатни и ефективни лекови, дали е правилно луѓето да ги одбиваат без последици додека ние се бориме да се грижиме за другите пациенти?“, запраша Мартин Ирш директор на парискиот здравствен систем.

Тој рече дека го покренал ова прашање бидејќи трошоците за здравствена заштита биле огромни и неодговорното однесување на некои, како што рече, не треба да го загрози пристапот на сите други до системот на здравствена заштита.

Неговите изјави предизвикаа бран реакции и повици за негова оставка на социјалните мрежи. Екстремно десничарските политичари побараа смена на Ирш, а градоначалничката на Париз, Ан Идалго, која претседава со одборот и е кандидат на социјалистите за претседателските избори во април, рече дека не се согласува со предлогот.

Поврзани новости