Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 360 милиони, а бројот на починати 5,6 милиони, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците што ги објави синоќа, досега се регистрирани 360.578.392 заразени и 5.620.865 починати.
Во изминатите 24 часа бројот на заболени е зголемен за 3.395.352, а на починати за 10.176. Рекорден за целиот период на пандемијата Ковид-19 е регистриран на 26 јануари, кога за 24 часа се идентификувани 3.962.990 нови инфекции. Статистиката на СЗО ги зема предвид само официјално потврдените информации за заразени и починати лица обезбедени од земјите.
САД имаат најголем број потврдени случаи – 71.812.665, потоа Индија (40.371.500), Бразил (24.311.317), Франција (17.252.793) и Велика Британија (16.149.323). САД соопштија за најголем број смртни случаи – 866.039, следат Бразил (623.843) и Индија (491.700), Русија (328.770) и Мексико (303.776).