Дебарлиев: Дури и очекувањата за влез во НАТО придонесоа за раст на цените на акциите на македонските друштва

by Fokus 16:17
16:17

Членството за земјата во НАТО би значело се поголема безбедносна и политичка сигурност за странските компании и нивните инвестициски планови, како на оние постојните кои веќе имаат свои активности во нашата економија, така и за оние компании кои изразиле одредени намери, но се уште не ги донеле своите одлуки, вели проф. д-р Стојан Дебарлиев од Економскиот факултет во Скопје.

-Дури и оние странски компании кои во своите стратегии за проширување на нивните меѓународни операции ќе можат да сметаат на земјава, барем кога го анализираат регионот на Југоисточна Европа, притоа имајќи предвид дека освен неколку земји, повеќето од земјите кои регионот, кои практично преставуваат конкуренти на земјава веќе се членки на НАТО. Исто така, членството во НАТО треба да им даде подолгорочна политичка сигурност и на домашните компании и нивните инвестициски планови, објаснува тој.

- Advertising -

Според него самите очекувања за влезот на земјата во НАТО и во изминатиот период влијаеше на растот на цените на акциите на македонските акционерски друштва, што практично ги покажува и очекувањата на инвеститорите на берзата и инвестициските аналитичари за подобра бизнис клима со интегрирањето на земјата во меѓународните организации.

– Тука е и финансискиот сектор, како домашниот, така и странските различни фондови кои би се очекувало да ги зголемат своите пласмани и инвестиции во секторот на иновативните претприемачки претпријатија, што е исклучително важно за секторот на малите и средни претпријатија и нивните развојни активности, вели Дебарлиев.

Тој појаснува дека безбедно општество отвора можност за подобрување на институционалната економска рамка, владеење на правото, национална безбедност и сл. Со таква политичка, правна и економска промена, нашата земја може да го зголеми потенцијалот и да порасне од локална и изолирана економија до отворена и попристапна.

Според истражувањата, типичен пример се Естонија и Чешка кои пристапија кон НАТО во 2004 и 1999. Во Естонија странските директни инвестиции од тогаш до сега се зголемија од 965.8 милиони долари до 3.1 билиони долари, додека во Чешка бројката достигнува зголемување до 6 билиони долари што е два пати повеќе од претходно.

Во јуни 2017 Црна Гора стана 29 тата членка на НАТО што значително ја зголеми атрактивноста на земјата како инвестициска дестинација. Според податоците на Народната Банка на Црна Гора во првите шест месеци по пристапот Црна Гора го бележи најголемиот влез на странски инвестиции од 215, 2 милиони евра споредбено со 2017 кога влезот на странски инвестиции беше 96, 6 милиони евра. Најголемите инвестиции доаѓаат токму од Италија, Унгарија, Турција и Белгија, земји членки на НАТО.

Соња Танеска

Поврзани новости