Села: Иселени лица не можат да се регистрираат преку интернет

by Фокус

Државниот завод за статистика да ги отстрани проблемите на дијаспората, каде иселените лица не можат да се регистрираат преку интернет, побара лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

-Се надевам дека е технички проблем, дека не се работи за намерен проблем од страна на Заводот за статистика кој би имал за цел да секој петти, шестти или седми да го исфрли од пописот бидејќи на тој начин пописот нема да биде валиден. Овој процес е важен за државата и не треба ниеден граѓанин без можноста да се попише. Се надевам дека не приредуваат некакви сценарија како на времето Ахмети и Груевски за пописот – изјави Села.

Тој уште еднаш побара да се прифати нивниот предлог закон за државјанство, кој предвидува државјанство да се додели и со тврдење на двајца сведоци.

– Очекувам Заев да се извини за оваа неправда, на граѓани на оваа држава која им е нанесена, а живеат тука 30 години, тука и плаќаат даноци, но немаат можности да се вработат, ниту да остварат здравствено осигурување и немаат никаква иднина тука, а тие се десетици илјади граѓани – посочи Села.

Поврзани новости