Трајановски: Оставив готов проект за надградба на Универзална и подземен паркинг

by Фокус

Во соработка со Министерството за култура оставивме готов проект, со кој покрај реконструкција на Универзална сала беше предвидена и надградба, проширување на капацитетите, нови содржини и изградба на подземен паркинг простор, вели поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, во однос на денешната најави на неговиот наследник Петре Шилегов за реконструкција на Универзална сала.

-За жал и толку Шилегов не е способен да реализира. Секоја година излегуваа на помпезни прес-конференции, заедно со тогашниот министер за култура Алаѓозовски, дека кај и да е ќе почнат со реализација. Во нивната неспособност да го сработат ветеното кон скопјани, минатата 2020 година им текна да ја рушат Универзалната сала за да направеле парк, па откако цела јавност скокна се повлекоа од идејата и рекоа дека ќе ја реконструираат. Чекавме цели 3,5 години, без ама баш ништо да се преземе, за денеска, неколку месеци пред крајот на мандатот, Шилегов и Заев наместо изградба на нов објект или надградба на постоечкиот, да најават најобична реконструкција на Универзалната сала – вели Шилегов.

Тој додава дека градската каса поради недомаќинското работење на Шилегов е целосно празна, бидејќи, според него, тој е неспособен да издвои средства за најобична санација на стариот објект.

Поврзани новости