Давидовиќ: Вината за бегството на Мијалков е кај обвинителството

by Fokus

Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „24 анализа“ рече дека се додека нема судско решение или правосилна судска пресуда или обвинителската наредба за нечие приведување, МВР не може никого да приведе или да му ги ограничи правата на слобода.

„МВР може да се обратило до обвинителството, но обвинителството е орган кој бара и е должен за постапката што ја води да ги обезбеди потребните решенија и наредби од судот за определено лице да има засилен надзор притворено или на било кој друг начин обезбедено. Ако обвинителството во петокот даваше завршни зборови и не побара никакви мерки во врска со ова лице, само покажува односот на обвинителството кон овој предмет. За помали предмети се барало ефективен притвор, а сега не го побарале и не им било првпат ова да го сторат. Вината е кај обвинителството“ – вели Давидовиќ.

 

Поврзани новости