Во САД речиси половина милион лица починаа од Ковид-19

by Fokus

Бројот на смртни случаи од корона вирус во САД достигна речиси половина милион, што е повеќе отколку на кое било друго место во светот, покажуваат податоците на истражувачкиот центар на Универзитетот Џон Хопкинс.

Како што е најавено, претседателот Џо Бајден денеска ќе зборува на оваа тема во Белата куќа, а за починатите ќе се одржи едноминутно молчење.

– Луѓето ќе зборуваат за ова во следните децении како за ужасен момент во историјата на оваа земја, кога толку многу луѓе починаа од респираторна инфекција, изјави д-р Ентони Фаучи за Си-Ен-Ен.

Поврзани новости