461
Актерот Драган Спасов-Дац се обрати на денешниот протест на Шарената револуција и порача дека луѓето веќе не се плашат.
-Јас сум Драган Спасов-Дац и сум хулиган. Горд сум што што сум тука и што гледам секој ден на улиците слободоумни луѓе. Утрово сакаа да го приведат син ми, зашто учествува во Шарената револуција. Да беше дома, сега ќе беше во притвор. Чавков, мојот син не се плаши. Ниту овие луѓе. Не нарекуваат секташи, хулигани, зашто им гори под нозете. Ама готово е Груевски, пикнат си во ќош со симнати панталони и се чека денот кога ќе се наведнеш, рече актерот.
По ова, иако полицијата не дозволуваше приближување до Собранието, демонстрантите со големиот чатал успеааја да ја обојат зградата. Беа запалени и бакли во разни бои.