Форбс: Камчев најбогат во Македонија

by fokus

Престижниот економски магазин „Форбс“ ја објави листата со најбогати Македонци кои тежат и над 22 милиони евра.

Најбогат бизнисмен и крал на челикот во Македонија повеќе не е Минчо Јорданов. Престолот после три години му го презеде Јордан Камчев.

Со поседување на „Кара“, „Орка“, „Стопанска банка Битола“, „Бетон Штип“ Камчев се искачи на првото место најбогат македоснки бизнисмен кој тежи 22,8 милиони евра.

Минчо Јорданов кој три години не се мрдна од првото место, сега е втор најбогат македонски граѓанин. Неговите компании „Макстил“, „Бетон“ и „Факом“ чинат 22,5 милиони евра.

Причината Јорданов да падне на второто место е исклучително тешката година за овој бизнисмен. Имено, само една година од 2014 па се до крајот на 2015 година Макстил изгуби од својата вредност 5,6 милиони евра , и 2015 година ја заврши со пад на приходите од 20% во однос на 2014 година. Забавувањето на Кинеската економија, која е клучен пазар за челикот, санкциите на Европа кон Русија, но и инвестицискиот циклус што Макстил го спроведе во инсталирање на филтри на оџаците се виновни за неговиот пад.

Според Форбс, зад Јорданов на третото место со 20 милиони евра вредност на компаниите се позиционираше Андреја Јосифовски Тој е претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол”  и преку фирмата-ќерка, „Оилко”, ги контролира најголемиот дел од акциите во компанијата.

Четвртото место оди во раце на Сашо Самарџиски со 13,3 милиони евра на Прилепска Пивара а последното пето место му припадна на сопственикот на Алкалоид Живко Мукаетов.

Во последните години, „Алкалоид“ е меѓу најуспешните компании во Македонија.

Останатите места од листата ТОП 10 одат во раце на „Џонсон Мети“ со приход од 936 милиони евра, ЕВН со 394 милиони евра, потоа „Окта“, „Макпетрол“, ЕЛЕМ, „Фени индустри“, „Македонски Телеком“, „Лукоил“и „Алкалоид“.

Поврзани новости