601
Александар Даштевски, поранешен претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, како експерт на предлог на адвокатите на Горан Грујевски и Никола Бошковски, ќе ја објаснува пред судиите во Солун позицијата на СЈО и како тоа е инкорпорирано во правниот поредок, пренесува Алсат-М. Освен Даштевски денеска во Солун треба да ссведочи и сопругата на Горан Грујевски.
Денес ќе биде познато дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи во 10 часот по грчко време, во Солун, треба да продолжи судењето за барањето за екстрадиција.