За „Насилствата во Центар“ на обвинителна клупа седнува Димче Крстев

by Fokus

Седмообвинетиот Димче Крстев за случајот „Насилство во Центар“ денес седнува на обвинителна клупа.

На главната расправа судијката Татјана Михајлова одлучи за Крстев да ја раздвои постапката и да му се суди одвоено.

Тој се изјасни дека не е виновен и на последното рочиште побара судењето да се одложи, бидејќи нема адвокат и има здравствени проблеми.

Во случајот „Насилство во Центар“ 14 лица се обвинети, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Поврзани новости