Даштевски: Изборите ќе бидат потешки бидејќи се двојни, но ќе бидат успешно спроведени и демократски

by Fokus

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски во интервју за МИА вели дека претстојните претседателски (24 април) и парламентарни избори (8 мај) ќе бидат успешно спроведени и оти очекува тие да поминат во демократска атмосфера.

ДИК, вели Даштевски, подолго време се подготвува за изборите, коишто според него ќе бидат потешки бидејќи се двојни, но смета дека членовите и службата на ДИК се искусни и оти, дури и да не се избере уште еден седми член на Комисијата, тие ќе бидат успешни.

ДИК, покрај другото, потенцира Даштевски, постојано работи на ажурирање на Избирачкиот список и уште еднаш ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци или податоците на своите блиски и да ги пријават промените. Тоа тие можат да го направат преку веб – страната на ДИК (www.sec.mk) или во подрачните одделенија на Комисијата.

 

Поврзани новости