Даниела Рангелова ќе се бори за еднаквост на жените и мажите

by fokus 17:32
17:32

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, денеска е назначена за претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Ова беше една од одлуките кои денеска ги донесе Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со кои беа именувани претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на собраниските комисии.

- Advertisements -

Пратеничката Рангелова е една од осомничените во случаите на Специјалното јавно обвинителство за насилствата во општина Центар и за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости