Трајко Вељаноски и Емил Димитриев ќе ја контролираат УБК и прислушувањето

by fokus

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска усвои Одлука според која за за претседател на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузунавање е назначен Трајко Вељановски, а на Комисијата за надзор на спроведување на посебни истражни мерки и следење на комуникации од страна на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, Царинска управа и Министерство за одбрана Емил Димитриев.

За претседател на Комисијата за уставни прашања е именуван Талат Џафери, на Комисијата за одбрана и безбедност Максим Димитриевски, на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошовски, а на Комисијата за европски прашања Артан Груби.

Со Комисијата за финансирање и буџет ќе раководи Лилјана Кузмановска, а со комисиите за економски прашања Горан Милевски, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуроска, за култура Ирена Стефоска, за здравство Мирсада Емине Асани, за труд и социјална политика Владимир Ѓорчев, за локална самоуправа Џеват Адеми.

Поврзани новости