Јанева: Дошле или не на распит, ќе поднесеме обвиненија против Груевски и Мијалков

by fokus

Експремиерот Никола Груевски, неговиот поранешен шеф на кабинет, Мартин Протоѓер, донеодамнешниот генерален секретар на Владата,Кирил Божиновски, како и поранешниот прв разузнувач во државата, Сашо Мијалков, на сите можни начини одбиваат да ги подигнат поканите за распит во Специјалното јавно обвинителство. Ова за Макфакс го тврди специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која, сепак вели дека нема да бараат тие да бидат спроведени стражарно со полиција.

Првите тројца се повикани да дадат исказ околу финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Талир“,а Мијалков за други истраги.

-Нема да правиме жртви од четворицата. И во нивен интерес беше да се појават во СЈО и да дадат исказ, како и да направат увид во доказниот материјал или да достават нови докази. До истекот на законскиот рок ние ќе покренеме обвиненија за сите постапки за коишто веќе ги завршивме истрагите, а во кои како осомничени се јавуваа и споменатите поранешни високи функционери, изјави Јанева.

Поврзани новости