Данела Арсовска официјално ќе формира партија „Правда“, седиштето е во станот на нејзиниот соработник Драган Митковски

by Fokus

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска која до крај на октомври ќе заокружи две години од своето владеење почнала со собирање на потписи за формирање на партија, за што „Фокус“ објави пред неколку недели.

Планира ли Данела Арсовска да формира партија?

Според пристапницата со која располагаме, партијата ќе го носи името „Правда“, а седиштето на партијата ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49, адреса која според податоците на бизнис мрежата е лоцирана каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот најблизок соработник во сенка Драган Митковски, за кој пишувавме во неколку наврати.

Кој е Драган Митковски, соработникот во сенка на Арсовска?

Кои се луѓе би можеле да бидат дел од нејзината партија, ако се формира не се знае. Но, едно е сигурно дека тука ќе биде нејзината десна рака генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, како и еден од најблиските соработници во сенка, Митковски, воедно близок до нејзиниот татко Ванчо Јовановски, за кои „Фокус“ веќе пишуваше во неделникот.

Какви бизниси и гревови „кријат“ најблиските соработници на Данела Арсовска?

Тие и досега и останаа едни од најверните соработници, иако откако Арсовска седна на градоначалничката фотеља, таа за кратко време се скара и со „вмровците“, но според нашите информации нема добра соработка и со дел од вработените во Град Скопје.

Арсовска кога се кандидираше за градоначалник на Скопје не и беше позната на јавноста. Единствено што се знаеше за неа е дека дооаѓа од редовите на Сојузот на Стопански комори, кој го предводела со години.

Сепак, за кратко време на површина почнаа да излегуваат бизнисите и имотот на нејзиниот татко, со што „Фокус“ се занимава веќе втора година по ред.

(АРХИВА) „Фокус“ направи фотографии од луксузните згради, старски домови, хотели на таткото на Арсовска

На површина ги извадивме сите бизниси на таткото на актуелната градоначалничка, фирмите кои ги поседува како и целиот недвижен имот низ Скопје.

Таткото на „градската мајка“ изнајмува деловни објекти и гради хали на земјиште од 17 илјади квадратни метри во Гази Баба!

Но, Арсовска се најде во уште еден скандал, кој го откривме, а тоа е дека лани беше повикана во полициска станица на разговор за опожареното возило на извршната директорка на ССК. Случајот стигна и до Јавно обвинителство.

(АРХИВА) Арсовска повикана на разговор во полициска станица за опожарено возило

„Фокус“ досега редовно праќа прашања и покани за интервју со актуелната градоначалничка, но досега не сме добиле повратен одговор.

Ирена Мулачка

 

 

Поврзани новости