Данаиловски: Богатите земји имаат толку вакцини да можат луѓето по шест пати да се вакцинираат

by fokus

Епидемиологот Драган Даниловски во емисијата 24 Анализа истакна дека сплет на околности е што нема вакцини и дека основен проблем е што на некој начин ние како т.н. „сиромашни земји“ премногу верувавме дека принципот на праведноста и солидарност ќе проработи во светот, особено кај богатите земји.

-Видовме дека она што беше планирано со Ковакс-механизмот, пропадна, им недостасуваа пари за вакцини. Одбиваа руски и кинески вакцини, не ги одобруваа. Од трета страна оние што беа богати ги грабнаа сите количини и сега имаат толку дози да можат луѓето по шест пати да се вакцинираат, рече Даниловски.

Поврзани новости