Дали власта ја одбила помошта од ВМРО – ДПМНЕ за поевтин гас?

by fokus

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на прес конференција објави документ со кој тврди дека власта одбила помош од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на гас по цена многу пониска од онаа која што сега се набавува.

-Во земјава се плаќа гас по цени и до 1.950 евра за 1.000 нормални метри кубни, а просечната цена по која е набавуван од почетокот на грејната сезона е 1.560 евра. Ова е документ од компанијата трговец со енергенси, регистрирана во Швајцарија дадена до ЕСМ продажба, од кој се гледа цената и количината која била понудена. Цената за 1.000 нормални метри кубни гас која е понудена до ЕСМ е 850 евра, рече  Димитриевска Кочоска.

Преку соопштение реагираа од ЕСМ, од каде што велат дека со фирмата која ја предложил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил потпишан само првичен договор, но компанијата не доставила комплетна документација и потребните референци.

-Наведената фирма беше директно контактирана од одговорни лица од АД ЕСМ, а беше повикувана на неколку огласи за набавка на природен гас и од наша страна се правеа обиди да се дојде до комплетна понуда која може да се разгледа согласно објавата за набавка. До поднесување на комплетна понуда не дојде, а дополнително бевме известени и дека за еден одреден период фирмата воопшто не е во можност да испорача гас, велат од ЕСМ.

Поврзани новости