Почина фронтменот на Фејтлес, Макси Џез

by fokus

Пејачот на британската група Фејтлес, Макси Џез, почина на 65-годишна возраст. Џез починал „мирно во сон“ во петокот вечерта во својот дом во јужен Лондон.

-Тој беше човек кој ни ги промени животите на многу начини. Тој и го даде вистинското значење и порака на нашата музика. Тој исто така беше прекрасно човечко суштество со време за секого и мудрост која беше и длабока и достапна. Беше чест и, се разбира, вистинско задоволство да се работи со него. Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, прекрасно присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и гениј, напишаа членовите на бендот.

Faithless беше еден од најважните бендови на електронската музика во деведесеттите години на минатиот век, а нивните хитови „We come 1“, „God is a DJ“ и пред се „Insomnia“ одбележаа една музичка ера.

Поврзани новости