Постигнувањето на политички договор меѓу македонските лидери за излез од политичката криза и обезбедува на Македонија фер шанса да напредува во евроатланските интеграции и да започне преговори со ЕУ, изјави известувачот за земјава во Европскиот парламент Иво Вајгал, кој заедно со колегите Едвард Кукан и Ричард Ховит посредуваа во надминувањето на политичката криза.
– Сега, Македонија треба да се заложи за спроведување на реформите што се очекуваат од земјава која се стреми кон евроатланските интеграции – истакна Вајгал.
Според Кукан, договорот ќе овозможи понатамошен демократски развој на Македонија.
– Стабилноста и развојот на Балканот е еден од нашите приоритети во надворешната политика – рече тој.
Ховит, пак, смета дека договорот, фигуративно кажано, ја извлекол земјава од работ на бездната.