„Дали ова е набљудувачот на ЦИВИЛ? Дај да го фрлиме в канал!“

by fokus

Центар за слобода-CIVIL  бара од ДИК и од Општинските изборни комисии – да им се јават веднаш на Избирачките одбори и да побараат од нив да им овозможат на набљудувачите да ја работат својата работа и да го почитуваат Изборниот законик. Од таму велат дека нивните набљудувачи се попречувани да си ја вршат нивната работа.

-Од изборен штаб на една политичка партија во едно скопско село, на адреса на нашиот набљудувач се упатиени закани. „Дали ова е набљудувачот на ЦИВИЛ? Дај да го фрлиме во канал!“, тенденциозно гласно разговарале партиските активисти.

Избирачкиот одбор во Избирачкото место 2904 во општина Бутел го отстранил акредитираниот набљудувач на ЦИВИЛ, без никакво објаснување. Кажано му е да излезе од Избирачкото место веднаш штом влегол, а на прашањето зошто го отстрануваат, одговорено му е: „Така!“

Овластувањата на набљудувачите на ЦИВИЛ се одземени во повеќе случаи, а во еден случај, во Избирачкиот одбор, овластувањата на набљудувачот биле и фотографирани.

Поврзани новости