Таа е одлична домаќинка, или пак – Од неа домаќинка не бидува, реченици кои многу често можат да се слушнат кога се коментира за некоја жена, посебно на Балканот.
Но, дали ако ве наречат домаќинка е еден вид на комплимент, или пак во последно време, многумина изразот го доживуваат како потценување на спосбностите на жената, со акцент дека е добра само за извршување на домашни обврски, изминатиот период посведочивме на низа на размислувања на темава.
Лавината од реакции во регионот, се активираше по повод новата амбалажа на култниот кекс ,,Домаќинка” на хрватски Краш, и не стивнува со денови. Станува збор за новото пакување на кексот, каде покрај името Домаќинка, се додадени разни професии, како на пример правничка, медицинска сестра, програмерка…
Дали Краш изработил цела колекција, со цел жените да сфатат дека покрај домаќинки, можат да бидат и нешто друго? – е едно од низата прашања на социјалните мрежи.
Но, прашуваат многумина, дали не е во ред да се биде само домаќинка, и дали е тоа нешто потценувачко и навредливо за жената?
Според одговорните во компанијата, целата на новата амбалажа била да се сврти вниманието, но и да се подигне јавната свест, кога е во прашање преземањето на домашните обврски.
-Во домаќинството, обврските најчесто ги преземаат жените, па целта е да се освестиме дека грижата за домаќинството е заедничка работа на сите домашни.
Затоа, да го привлечеме вниманието на граѓаните и да отвориме важна тема, на полиците во продавниците како прв чекор ги поставивме кексите во посебно издание.
Сакаме да потсетиме дека жените, покрај тоа што ја извршуваат својата работна професија, секојдневно се грижат и за домаќинството.
Со кампањата сакаме да го поттикнеме друштвото да преземе дел од своите обврски и одговорности во домот, за распределбата на домаќинските работи да биде иста – појаснуваат од Краш за хрватски Индекс.
Додаваат дека со агенцијата Ипсос направиле испитување, според кое 70 проценти на возрасни жени, 51 процент на возрасни мажи, 73 проценти тинејџерки и 72 проценти тинејџери, сметале дека жените извршуваат најголем дел од домашните работи во домот.
Следен чекор во кампањата ќе било граѓаните да ги документираат своите активности во домот, кога се работи за распределба на домашните обврски, со цел да се едуцираат и младите генерации, и од детство да создадат исправни навики кои ќе ги користат и во иднина.
Вики Клинчарова