Дали има упад од надвор, дали е прислушувано или е некаква грешка што реферирањето на Димовски одеше на Јутјуб?

by fokus

Собранието ќе го чека официјалниот извештај од МВР и ќе ја информира јавноста преку соопштение што се случи во петокот на затворената седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, информираше денеска на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.

Седницата на Комисијата беше затворена за јавноста, но на Јутјуб се слушаше што се зборува односно како директорот на АНБ Виктор Димовски информира за случајот со давањето на македонско државјанство на украинецот Олесандер Онишченко.

Џафери кажа дека засега не може ништо да каже бидејќи треба да се утврди дали има упад од надвор, дали е прислушувано или не е или е настаната некаква грешка.

За барањето за изградба на т.н. глува соба од страна на пратениците, претседателот на Собранието информираше дека досега пет пати е направен повик за јавна набавка но поради неисполнување на техничката спецификација набавката не може да се реализира.

Рокот за жалба за последниот повик завршува на 1 декември, но најверојатно ќе има шести повик за јавна набавка. За оваа намена Собранието планирало 33 милиони денари, а се планира за „глувата соба“ да се адаптира простор во внатрешноста на Собранието, што нема да има допир со надворешните ѕидови.

Џафери информираше дека веќе го испратил до Апасиев по пошта на адресата на која тој ја навел одговорот за Инцијативата за референдум.

Поврзани новости