593
Од вкупно 297 кандидати за градоначалник на претстојните локални избори, 26 се независни.
То е 8,75 проценти, или помалку споредено со последните локални избори, кога независни кандидати за градоначалници биле нешто над 10 проценти.
Најмногу независни кандидати за градоначалник имало на локалните избори во 2005 година – над 25 проценти, а најмалку на првите во 1996 година – 7,5 проценти.
Инаку, независни кандидати ќе има во 18 општини и Градот Скопје или во 22 проценти од вкупно 80 општини.
На сите локални избори досега имало барем еден независен кандидат кој добива мандат, а најмногу независни кандидати добиле мандати на локалните избори во 2005 – седум.