Дали делта-вирусот ќе донесе нови рестрикции?

by fokus

Комисијата за заразни болести утре ќе разговара дали ќе се воведат некакви рестрикции поради ширењето на делта-видот на коронавирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека веќе се анализира и се истражува за овој вид.

Комисијата, рече тој, ќе проценува дали да се воведат тестови за влез во Македонија.

-Треба да се процени ризикот и да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која навистина може да се заштитиме – рече Филипче.

Во моментов, само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин, а за останатите влезот не е условен.

Поврзани новости