Продолжуваат превирањата во ДОМ

by fokus

Десетина општински организации на владејачката ДОМ ја оспоруваат одлуката на Централниот одбор и на претседателката Маја Морачанин за настап во граѓанска коалиција на претстојните локални избори. Општинските организации во Ѓорче Петров, Гази Баба, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Пробиштип, Кочани, Берово, Делчево, Лозово, Радовиш, Дојран, Кисела Вода, Аеродром и Куманово се оградуваат од, како што посочуваат од таму, нелегитимната и нестатутарната одлука за коалицирање со ЛДП и Демократскиот сојуз.

„Без кворум се овозможи да гласаат луѓе што не се членови на Централниот одбор. Тие ги криеја своите лица кога ги фотографиравме за да го евидентираме присуството. Не беше дозволено да добиеме увид во списокот за да се сокрие нелегитимноста и нестатутарноста на „одлуката“. Ова демонстрира дека Претседателката нема коалициски капацитет, бидејќи нема поддршка од 2/3 од општинските организации“, напиша на фејсбук довчерашниот пратеник Мирослав Богдановски.

Инаку, тој и Директорката на државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска беа разрешени од потпретседателски функции во ДОМ, откако ја предводеа иницијативата за свикување на вонреден конгрес и избор на колективно претседателство на партијата. Набргу потоа, Богдановски поднес оставка во парламентот, по што ДОМ остана само со еден пратеник.

Поврзани новости