Фајон: Бугарија е егоистична и неодговорна

by fokus

Ја разбирам фрустрацијата на луѓето во Северна Македонија, па дури и во Албанија или во Косово, бидејќи се дадоа многу ветувања, но државите се уште го чекаат следниот чекор, вели во интервју за 360 Степени европратеничката од опозициската левица во Словенија Тања Фајон.

-Често сведочиме на егоизам, себичност или изборна кампања во некои од земјите членки кои го загрозуваат напредокот на земјите и тоа мора да престане. Јас мислам дека се наоѓаме во, можеби, последниот клучен момент на крстосница, не само за иднината на Европа, туку и за иднината на проширувањето на Западен Балкан – рече Фајон.

Таа истакнува дека е многу сум разочарана од однесувањето на Бугарија и од нивниот, како што посочува, егоизам и неодговорност.

-Се надевам дека ќе успееме да ја убедиме Бугарија што е влогот и да најдеме компромис и договор, затоа што не можеме заради национален интерес или заради добивање политички поени во национално опкружување да загрозуваме иднина на соседна земја, што се случува денеска. Пред нас е важно време, не е изгубено се – порача Фајон.

Поврзани новости