Дали Андреевски ќе влезе во трка за лидер на СДСМ?

Се уште не сум донел конечна одлука, вели за Фокус поранешниот советник на Заев и актуелен претседател на партиската Комисија за енергетика.

by Фокус

По распишувањето на внатрепартиските избори во СДСМ, единствен кој јавно најави дека ќе се кандидира за партиски лидер е заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите, Димитар Ковачевски.

Ковачевски за Фокус: Ќе се кандидирам за лидер на СДСМ

Покрај него, како потенцијални кандидати се споменуваат имињата на уште неколку сегашни и поранешни партиски функционери, меѓу кои и Митко Андееевски, претседател на Комисијата за енергетика во рамки на СДСМ и поранешен советник за енергетика на премиерот Зоран Заев.

Во однос на прашањето на Фокус дали размислува и планира да влезе во трка за наследник на Заев во СДСМ, Андреевски вели:

„Се уште не сум донел конечна одлука, но демократски би било да има натпревар меѓу повеќе кандидати…“.

Според неофицијални информации, тој бил убедуван од дел од соработниците во партиската Комисија, како и од членови од различни комитети од Скопје и вантрешноста, да се кандидира за претседател на СДСМ.

Инаку, Андреевски е сопственик на компанијата „Си Ен Џи Системс“, која изминативе години ги добива тендерите од струмичкото јавно претпријатие „Струмица-Гас“ за набавка на природен гас.

Андреевски доби уште еден тендер од „Струмица-Гас“ како единствен понудувач: Само мојата фирма има соодветна опрема

 

Воедно, добро упатени партиски извори велат дека поранешниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, активно работи на терен, за да го тестира расположението за кандидатура за партиски лидер. Тој остана недостапен за коментар.

В.С.

Поврзани новости