Далеку сме од колективен имунитет – треба да се вакцинираат 80 отсто од граѓаните, а една доза досега примиле 27 отсто

by fokus

За да се постигне колективен имунитет на населението треба да се вакцинираат над 80 отсто од граѓаните, но во земјава досега барем една доза примиле 27,5 отсто од граѓаните.

– Треба да се постигне колективен имунитет од 80 отсто, а ние сме далеку од тоа и затоа се нашите апели и кампањи, и преку Министерството, Владата, Канцеларијата на ЕУ, преку УНИЦЕФ со цел граѓаните да се вакцинираат. Достапна е вакцината во сите пунктови, никој од граѓаните кој ќе се пријави за вакцинација нема да биде вратен се со цел да имаме нормален живот, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерството за здравство соопшти дека на територијата на цела држава една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните.

Последните анализи покажуваат дека најголем процент вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5 отсто, потоа следи Охрид со 42,9 отсто и Гевгелија со 41 отсто. Најмал процент вакцинирани граѓани има во Дебар 17,3 отсто, во Тетово 17,1 отсто, а во Кичево 15,8 отсто.

 

 

Поврзани новости