Дачиќ: Нема потреба Тачи да доаѓа во Србија

by Фокус

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денека изјави дека нема потреба министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, да доаѓа во посета на Србија. Оваа изјава следува откако невладината организација „Амбасадори на мирот“ го поканила Тачи да учествува на собир на кој се поканети министрите за надворешни работи на четири балкански земји.

Дачиќ вели дека тој нема да учествува на овој собир, така што не е потребно Тачи да доаѓа во Белград. Министерот за надворешни работи на Србија додаде дека никој не се конслутирал со него за поканата на косовскиот министер, а се што навлегува во државната политика на Србија не смее да се прави без консултации со Владата.

Поврзани новости