Иванов се мисли дали да оди на парадата во Москва

by Фокус

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов објаснуваат дека тој се уште ги мери добрите и лоши страни од неговото присуство на воената парада во Москва по повод Денот на победата на фашизмот и најдоцна до почетокот на наредната недела ќе и соопшти на јавноста како решил да постапи.

Поверојатно е Иванов да одлучи да оди, бидејќи, како што велат од Кабинетот, сега за сега има повеќе аргументи во корист на таа одлука. Крајниот рок за потврда на присуството што го дава организаторот е 27 април.

Поврзани новости