Разговорите меѓу ВМРО и СДСМ ќе продолжат

by Фокус

Учесниците во преговорите меѓу власта и опозицијата за надминување на политичката криза ќе продолжат, стои во соопштението од вчерашната средба меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, и на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Рената Треневска Дескоска и Виктор Габер.

Ова е втора средба во Брисел меѓу претставници на двете партии, по избивањето на аферата со прислушувањето, со посредништво на тројцата членови на Европскиот парламент, Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл.

По средбата, никој не даде изјава, но од она што може неофицијално да се дознае, првите средби поминале во изложување на аргументи, а не во потрага по решенија.

Поврзани новости