Дачиќ: Македонија и Србија имаат братски односи

by Fokus

„Денешниот аеромитинг на кој покрај македонската и српската авијација учествуваат и цивилното и военото воздухопловство од Република Италија, Република Грција и други земји е јасен показател за интересот на државите, стопанствата и граѓаните од овие подрачја за воспоставување на уште подобри меѓусебни врски, но и за свеста за заедничката одговорност во зачувувањето на мирот и безбедноста како предуслови за забрзан економски и општествен развој“.

Ова го изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на одбележувањето на 100-годишнината од македонската авијација што денеска се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“ кај Скопје.

-Одбележувањето на 100-годишнината од македонската авијација во Скопје е добра прилика да ги ставиме во погон сите неискористени потенцијали кои без сомнеж постојат за натамошен уште посестран и обострано корисен развој на нашите односи. Нашите две земји имаат братски односи, како и одлична соработка во рамките на иницијативата Отворен Балкан и на другите регионални форуми – рече Дачиќ.

Ќе пратиме политичка порака дека нашите земји се определени за дополнително зајакнување на односите за по просперитетна иднина на нашите граѓани, додаде Дачиќ.

-Србија и српскиот народ му посакуваат многу среќа и успеси во се што сакаат на македонскиот народ и на сите други граѓани на Република Северна Македонија и да даде Бог на овие простори да не летаат воени авиони со воени задачи, туку се да биде во рамките на аеромитинзи за луѓето да можат да уживаат во мирот и просперитетот. Ви сакам се надобро и забрзан пат во ЕУ, порача Дачиќ.

Поврзани новости