По 18 фантастични изданија претходно, следи и најновата Златна Бубамара на популарноста, креирана во нашата лепена, сечена и демонтирана држава. Во најава е пристоен хумор, интелегентна сатира, одлична музика и многу ѕвезди.
Дами и господа и останати 97% од населението, како што знае да си каже Ранко Петровиќ: Да се собереме пред да не соберат“.
19-ката е планирана како собир на добра забава и хумор, но и потреба на секое нормално општетсво, барем еден ден во годината. Музичката академија која своите одлуки ги носи врз основа на темелно истражување, одлучи да обзнани барем две награди, а остатокот ќе го испорача вечер на сцена. „Наградата за трајни музички вредности“ ќе ја однесе Игор Џамбазов, а „Наградата за животно дело“ ќе ја добие популарниот дует од народната музика, Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчевски.
Традицијата ќе се негува и на ова 19то издание, каде во улогата на домаќин ќе го видиме Сашко Коцев. Златна Бубамара на популарноста ќе се одржи вечер од 20часот во Метрополис арената во Скопје. Директен пренос од манифестација ќе нема, а одложената снимка ќе биде емитувана на 21 февруари од 20 часот на Канал 5.