Кривичниот совет одлучува за притворот за Јанакиески и Темелко

by Фокус 10:33
10:33

Кривичниот совет составенб од тројца судии денеска после пладне, на истекот на рокот од 48 часа, ќе ја соопшти одлуката по жалбите што Специјалното јавно обвинителство ги поднесе во врска со мерката притвор за осомничените во постапката Титаник за изборни нерегуларности.

Од Основниот суд – Скопје 1 велат дека денешните одлуки ќе се однесуваат на првата група од осомничените кои пред судија на претходна постапка се појавија во петокот, меѓу кои беа екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и други.

- Advertisements -

Во втората група, пак, се жалбите на СЈО за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски и уште две други лица кои исказ дадоа во поденелник, по што Обвинителството ги поднесе жалбите во вторникот.

Поврзани новости