Претседателот на САД, Џо Бајден рече дека не е сигурен дека би се кандидирал за уште еден мандат доколку Трамп не му е противкандидат.
„Да не беше Трамп, не сум сигурен дека ќе се кандидирав“, рече Бајден вчера во врска со неговата кандидатура за втор претседателски мандат во 2024 година.
„Но, не можеме да му дозволиме да победи“, рече Бајден (81) за време на состанокот со демократските донатори надвор од Бостон, мислејќи на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.
„Трамп веќе не се ни крие. Ни кажува што ќе прави“, рече Бајден, додавајќи дека ако Трамп оди на избори, тогаш треба да оди и тој.
На прашање дали ќе се повлече доколку неговиот ривал отпадне од трката, Бајден рече „не, не сега“.
И покрај падот на популарноста, без големо изненадување или сериозни здравствени проблеми кои би го принудиле да се повлече, актуелниот американски претседател е речиси сигурно дека ќе ја добие номинацијата на неговата партија за демократски претседателски кандидат за изборите во 2024 година.