760
Претседавачот на Собранието, Талат Џафери ја откажа денешната собраниска седница, бидејќи му се роди внук.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитки за ваквата вест на Џафери, а одложувањето на седницата предизвика различни коментари во јавноста.
„Да е жив и здрав внукот на Талат Џафери. Вреди за нив да се радуваме, затоа што се друго е минливо. Јас не добив покана за седница во Собранието, туку денеска имаше само подготовка за евентуална седница“, рече Заев.