Contessa – новото луксузно место во Скопје каде што ќе се чувствувате убаво

by fokus

Скопје е брз град и сите ние сме во постојана трка со времето, со урбаниот хаос, работните и семејните обврски, пазарувањето, децата, сопрузите, пријателите, колегите. Посакувате ли место во најурбаниот дел на Скопје каде можете да запрете, и за миг да се почувствувате дека светот се врти околу Вас?

Тогаш, Contessa е местото за Вас! Сместено во населбата Карпош, во напосредна близина на шопинг центарот Skopje City Mall се наоѓа најлуксузното урбано катче кое е направено за Ваше целосно уживање. Водејќи се од пораката – луксуз кој го заслужувате – студиото е уредено по најмодерни стандарди и е опремено со најквалитетните апарати за комплетна нега за Вашето лице и тело. Contessa Beauty, Spa and Hair е новото место кое ги разнежнува сите Ваши сетила и се грижи за Вашето здравје, изглед и релаксација.

Contessa нуди пакет на услуги за Ваше комплетно уживање. Започнувајќи од одличниот Spa центар кој е составен од сауна, џакузи и интимни простории за масажа. Неизоставен дел на понудата се светските иновации за нега на лице и тело. AquaSure H2 го нуди најмодерниот пристап во козметиката за длабинско чистење и рационализација на кожата со помош на хидрогенско тонирање и аквапилинг со интегрирана галванизација и MSC лифтинг. Понатаму, CARE 7 апаратот нуди комбинација на 7 третмани во едно, за да постигне за Вас ефект на длабински пилинг, лифтинг и хидратација со долготраен ефект. Contessa е единствен салон во регионот кој го нуди најновиот апарат во козметиката на лице и тело TRIVION, кој употребува високофокусиран ултразвук за лифтинг во комбинација со HIFU, ултразвучна кавитација и радиофреквенција. За акупресура, проблеми со циркулација и пост-хируршки третмани, како и третман на болките во мускулите и зглобовите, проблемите со дебелина и целулитот, на располагање Ви е исклучителниот апарат LIMFOPRESSO.  За отстранување влакна, депигментација, лузни од акни и отстранување тетоважи, Contessa го употребува најсофистицираниот ласер IPL 3. Освен козметичкиот дел, на Ваше располагање се и фризерскиот салон и салонот за професионална шминка.

Contessa Beauty, Spa and Hair се особено горди на професионалниот тим, кој е спој на младост и искуство, но и огромна креативност и грижа во работата со секој клиент. Просториите на ова ексклузивно катче се на улица Манапо бр. 7/2-4 (во непосредна близина на Skopje City Mall, спроти ПроКредит Банка), а телефонот за закажување на третмани е 02 30 77 323.

 

Поврзани новости