573
Некогашниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев информираше дека по повеќе од 20 години не е веќе дел од безбедносниот систем на државата.
Тој на социјалните мрежи го искажа својот став, упати критики дека власта на СДСМ удира по професионалнице и ја уништува државата.
„Тоа што за сите нас е патриотизам за оваа предавничка власт е екстремизам и радикализам. Хибридниот режим предводен од СДСМ со сета сила ја уништува државата, удира по професионалците, се обидува да ги демотивира патриотите и ги партизира институциите. По повеќе од 25 години поминати во служба на татковината и граѓаните на Македонија, не по моја вина, на мое жалење повеќе не сум дел од безбедносниот систем.