Чулев ќе бара активација на дроновите на МВР за контролирање на полицискиот час

by fokus

Минитерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека ќе побара од Владата да се стави во функција единицата за беспилотни летала со цел да се вршат контроли на евентуалните прекршувања на полицискиот час.

-Ќе побарам да се стави во функција единицата за беспилотни летала. Беспилотните летала кои ги имаме во со високи технички можности, можат да ја скенираат целата сосотојба и да ги регистрираат сите прекршоци на полицискиот час. Можат да ја видат и регистрацијата на возилата. Леталата се во функционална состојба, тука се и операторите, се што е треба е единицата да се стави во функција, вели Чулев.

Поврзани новости